Четвртфиналето Белгија – Италија ќе го суди сонародник на Чеферин кој лани беше уапсен

Судијата кој ќе дели правда на четвртфиналниот дуел во Минхен помеѓу Белгија и Италија, Словенецот Славко Винчиќ, има контроверзно минато, но тој е човек од доверба на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Винчиќ во мај минатата година беше меѓу 35-те приведени на ранчот во местото Сухо Полје во близина на Бјелина на српско-босанската граница, каде што полицијата прекина забава на која беше и познатата српска старлета Тијана Ајфон, а на лице место беа пронајдени и оружје и дрога.

Против Винчиќ не беше покренато обвинение, туку на суд беше викнат како сведок. Тој тврдеше дека немало никаква оргија, не видел оружје, туку со свои бизнис партнери биле поканети на ручек и вечерта околу 20 часот одеднаш им влетала полиција.

Винчиќ на ЕП веќе судеше два меча, ова дерби од четвртфиналето ќе му биде трети дуел.

- Оглас -

Најнови вести