Бразилците под закана од ФИФА, мора на суд да објаснат зошто немаат играч со дрес со број 24

ФИФА и КОНМЕБОЛ дадоа рок од 48 часа за Бразилската фудбалска федерација да се изјасни пред суд зошто немаат фудбалер со дрес со број 24 на Копа Америка. Има сомневање дека тоа е направено поради хомофобија, бидејќи во Бразил, бројот 24 се поврзува со геј популацијата.

Бразил е единствената репрезентација на првенството на Јужна Америка која во тимот нема 24-ка, иако има 24 играчи. Едерсон има дрес број 23, а Даглас Луис 25. Овој скандал доаѓа пред стартот на четвртфиналните средби.

Во Бразил, бројот 24 се поврзува со една стара игра на среќа во која еленот бил со број 24. Елен на португалски се вика „веадо“, а погрден израз за хомосексуалците во таа земја е „виадо“.

Во јануари 2020 година, на еден колумбиски фудбалер кога дојде во Коринтијанс, му беше забрането да го носи дресот со неговиот омилен број 24, но тоа беше снимено на телевизија и изби скандал, па сепак на Кантилјо му беше исполнета желбата. Дрес со број 24 има и третиот голман на Гремио, Брено Коста, и толку, никој друг во бразилското првенство.

- Оглас -

Најнови вести