Срушен светски рекорд кој траеше од Олимписките игри во Барселона во 1992 година (Видео)

По двете освоени златни медали на светските првенства, Карстен Вархолм од Норвешка вечерва испиша нова историја. На трка од Дијамантската лига во Осло, Норвежанецот на патеката 400 метри со пречки истрча со време од 46,70 секунди, што беше доволно да се сруши светскиот рекорд.

Американецот Кевин Јанг го држеше досегашниот рекорд откако истрча 46,78 секунди, и тоа пред 29 години, на Олимписките игри во Барселона. Речиси три децении се чекаше да се најде јунак да го надмине Јанг, а тоа го направи Вархолм.

https://youtu.be/z7BPFMdgGhw

- Оглас -

Најнови вести