Вардар 1961 ги дозна противниците во групната фаза на ЛШ

Вардар 1961 во новата сезона од Лигата на шампионите ќе игра во група А, каде што за противници ги доби Пик Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, ППД Загреб, Монпелје и Елверум.

Иако Црвено-црните ги избегнаа гигантите како ПСЖ, Барселона и Веспрем, кои се најдоа во втората група, македонскиот првак ќе има тешки предизвици.

Вардар во првото коло гостува кај Елверум, додека во 12-тото коло ќе биде емотивна средбата во Скопје против ППД Загреб бидејќи со хрватскиот состав во „Јане Сандански“ ќе гостува Иван Чупиќ.

https://twitter.com/ehfcl/status/1410898961775353862

- Оглас -

Најнови вести