Франција и покрај дебаклот на ЕП, не го менува селекторот

Дидие Дешамп ќе остане селектор на Франција, иако Галските петли имаа разочарувачки настап на Европското првенство. Актуелниот светски првак беше елиминираш во осминафиналето на континенталниот собир, откако беа послаби по изведувањето на пенали против Швајцарија.

Селекторот Дешамп самиот се прогласи за главен виновник за елиминацијата од Швајцарија, иако во пенал рулетот клучниот пенал го промаши најголемата ѕвезда на Франција, Килијан Мбапе. Дешамп доби поддршка од претседателот на фудбалската федерација на Франција, Нол Ле Грет, кој потврди дека нема да има смена на селекторското место.

„Нема многу да анализираме, посебно по сè што Дидие направи за репрезентацијата. Зборуваме за човекот кој во 2018 година, нè искачи на кровот на светскиот фудбал“, рече Ле Грет, кој како да сакаше да навести дека сепак веќе се знае наследникот на Дешамп по завршувањето на Мундијалот во Катар.

„Зинедин Зидан еден ден ќе биде селектор на Франција. Кога? Не знам точно. Немам кристална кугла која може да ми го даде одогворот на тоа прашање“, додаде Ле Грет.

 

- Оглас -

Најнови вести