Чудна одлука на Фенербахче, го вратија тренерот со кој беа на суд пред пет години

Португалецот Витор Мануел Переира е нов тренер на Фенербахче, што е чудна одлука на раководството на најтрофејниот турски клуб, со која незадоволни се и навивачите.

Пропадна можноста Игор Ангеловски да биде на кормилото на 28-кратниот шампион на Турција, а Переира се враќа по пет години како тренер на Фенер.

Одлуката е многу чудна, бидејќи Фенербахче и Переира во август 2016 година имаа меѓусебно недоразбирање кое заврши на суд. Одлучуваше Арбитражниот суд за Спорт во Лозана, а Португалецот оттогаш воопшто не е омилен кај навивачите на турскиот гигантг.

Сепак се врати како шеф на стручниот штаб и ќе го предводи трофејниот клуб од Истанбул од идната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести