Нема инаетење со Ал-Келаифи – Потпиши или пресели се на трибини

По разочарувачкиот настап на Европското првенство, Килијан Мбапе замина на одмор, а пред тоа одби нова понуда од ПСЖ околу продолжување на соработката, за што може да го чека казна кога ќе се врати во клубот.

Имено, претседателот Насер Ал-Келаифи планира да го отстрани Мбапе од екипата во новата сезона доколку францускиот напаѓач не се предомисли. На тој начин Мбапе една година ќе стагнира, па од трибините ќе чека да му истече договорот и да си го оствари сонот да заигра за Реал Мадрид. Иако Светците може да заработат многу повеќе од 100 милиони евра доколку се согласат да го пуштат Мбапе, ним не им е дојдено до парите и сакаат да ја задржат својата млада ѕвезда во тимот.

Ваква слична казна доби и Адриен Рабио пред две сезони, кога не сакаше да го обнови договорот и остатокот од сезоната го проследи на трибини, за потоа да обезбеди трансфер без отштета во Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести