Предупредување за Аѕурите: Шпанија никогаш не загубила полуфинале на СП или ЕП!

Историјата на фудбалот најавува спектакуларно утрешно полуфинале на Европското првенство помеѓу Италија и Шпанија во Лондон. Според квотите во Sport Life, благ фаворит за победа и пласман во финалето е Италија, но тимот на селекторот Роберто Манчини ќе треба добро да се испоти и да се потруди за да дојде до посакуваната цел.

Она што е охрабрувачки за Шпанците, тоа е податокот дека Црвената фурија никогаш не загубила полуфинале на Светско или Европско првенство. Петпати биле во ситуација да се најдат во финале на некое од најголемите натпреварувања и секогаш успевале да ја минат полуфиналната пречка.

Од друга страна, и Италија има одличен полуфинален биланс. Од 11 полуфиналиња на Мундијал или ЕВРО, тие во финале оделе девет пати, што е 82 отсто успешност.

Традицијата на меѓусебните дуели исто така најавува неизвесност. Овие две селекции меѓу себе играле 37 пати. Двата тима имаат по 11 победи, а 15 пати било нерешено.

- Оглас -

Најнови вести