Ќе паднат барем два гола на „Вембли“

6952 Италија – Шпанија (21.00 часот)

Првото полуфинале на ЕП е помеѓу репрезентации кои меѓу себе играле 37 пати, а 15 пати било нерешено, додека по 11 пати се радувале едните или другите. Кај Италијанците, кои речиси три години не знаат за пораз, ќе го нема одличниот Спинацола, додека Шпанците најверојатно нема да сметаат на Сарабија, кој беше стартер. На трибините на „Вембли“ никој нема да има голема предност. Во финалето на ЕП 2012, славеше Шпанија со 4-0, а на ЕП 2016, Италијанците беа подобри со 2-0. Но, актуелните состави се многу поразлични од тогашните.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.30)

 

6016 Ференцварош – Приштина (18.00 часот)

Унгарскиот првак е фаворит на хартија. Приштина играше и претквалификации, кои успешно ги мина, но сега се соочува со многу појак противник. Ќе има и реванш во Косово, па Унгарците ќе се обидат максимално да го искористат домашниот терен. Ференцварош редеше само победи во подготвителниот период, од февруари не знаат за пораз. Приштина последните три меча ги доби со по 2-0, но овојпат би било изненадување ако останат непоразени.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.61)

 

6003 Клуж – Борац Бања Лука (19.00 часот)

Романскиот е фаворит против босанскиот првак. Клуж во јуни одигра пет пријателски мечеви и не блескаше, најчесто тоа беа мечеви со 0-2 гола. Борац ја совлада Мура со 1-0 и покажа дека е во солидна форма, но домашните се поподготвени и не би смеела нивната победа да биде доведена под прашање. Борац е тим кој уште од март нема загубено на гостински терен, но постојано играа против послаби ривали од Клуж, кој сигурно уште од стартот ќе нападне.

Предлог тип: 1-1 (1.60)

 

6005 Фола Еш – Линколн (19.30 часот)

Првакот на Луксембург го пречекува најдобриот тим од Гибралтар и се очекува голема борба, но и победа на домашните. Фола пред една недела го совлада германскиот Сарбрикен, најави дека е подготвен за квалификациите за ЛШ, додека Линколн нема играно меч уште од 19 мај и за нив нема информации во каква форма се, но јасно е дека не се во натпреварувачки ритам.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.74)

 

6006 Шкендија – Мура (20.00 часот)

Тетовските Црвено-црни ќе имаат незгоден противник на патот до следното коло во кое би играле со Лудогорец или Солигорск. Мура беше изненадувачки првак на Словенија, додека Шкендија на убедлив начин ја освои титулата во Македонија. Овој меч се игра во Скопје, што треба да биде предност за Шкендија, која играше ефикасно и редеше победи на последните три подготвителни средби. Мура не победи никого, но играше со посилни екипи од Русија (Ростов) и ексјугословенските простори, како Динамо, Партизан, Војводина, Борац Бања Лука.

Предлог тип: 2-3 гола (1.97)

- Оглас -

Најнови вести