Марсеј го претстави Гендузи како петто засилување

Олимпик Марсеј ја комплетира позајмицата на Мето Гендузи на една година, со опција да го откупи договорот од Арсенал за сума од околу 15 милиони фунти.

Гендузи е петто летно засилување на Марсеј, откако претходно на појзамица дојде и Ченгиз Ундер, додека за Конрад де ла Фуенте, Жерсон и Леонардо Балерди беа издвоени вкупно 36 милиони евра.

За францускиот играч за врска ова е втора по ред позајмица, откако минатата сезона ја мина во редовите на Херта Берлин. Инаку тој се враќа во родната земја три години откако го напушти Лориен и ја задолжи опремата на Топчиите, каде што не се прослави.

https://twitter.com/OM_Officiel/status/1412362447508357121

- Оглас -

Најнови вести