Емерсон ќе се обиде да го замени повредениот Спинацола како лев бек во првото полуфинале на Европското првенство против Шпанија, а одлуката на Роберто Манчини е логична и Аѕурите ќе играат само со една измена во стартниот состав што ја победи Белгија со 2:1.
За разлика од него, Луис Енрике изненади со стартната постава во која нема класичен напаѓач. Ги нема Мората и Морено, Сарабија е повреден, па Феран Торес и Ојарзабал ќе се обидат да ја матираат одличната одбрана на Италија.
СТАРТНИ СОСТАВИ:
ИТАЛИЈА: Донарума, Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини, Емерсон, Барела, Жоржињо, Верати, Кјеза, Имобиле, Инсиње.
ШПАНИЈА: Симон, Аспиликуета, Лапорт, Гарсија, Алба, Коке, Бускетс, Олмо, Педри, Ф.Торес, Ојарзабал.