НБА сепак реши да го смени логото за следната сезона

Челниците на најсилната кошаркарска лига во светот, популарната НБА, решија да направат промена на логото за следната сезона.

Сезоната 2021/22 ќе биде јубилејна 75-та, а по тој повод првите луѓе на Лигата решија да направат освежување на логото. Обликот на логото ќе биде малку поинаков и на него ќе стои бројката 75, но тоа што е најважно, на логото останува силуетата на Џери Вест.

Легендарниот кошаркар е на логото на НБА уште од далечната 1969 година, а во последниов период имаше многу барања за промена на силуетата. Најмногу реакции имаше кога пред една и пол година загина Коби Брајант и се подигна иницијатива на логото во иднина да стои силуетата на Коби, но таа идеја не доби „зелено светло“.

Во НБА за оваа сезона остана да се доигра уште големото финале. Феникс води со 1:0 во победи против Милвоки, а ноќеска се игра вториот дуел.

- Оглас -

Најнови вести