Италија влезе во филмот за конспирација на ЕП: УЕФА му враќа на Борис Џонсон за стоп на Суперлигата

УЕФА со подарен пенал за Англија, со кој ја елиминираа Данска во полуфиналето на Европското првенство, му се заблагодари на Борис Џонсон, кој го стопира проектот Суперлига на Европа, објави ренимираниот италијански спортски медиум „Газета дело спорт“.

Во текстот посветен на сомнителниот начин на кој со подарен пенал во 104-тата минута Англија ја победи Данска, се споменува дека премиерот на Велика Британија практично ја спасил УЕФА од проблеми со формирањето на Суперлигата.

Проектот од 12 моќни клубови кои формираа своја лига, пандан на Лигата на шампионите на УЕФА, пропадна само за два дена откако беше официјално промовирана, а еден од „виновниците„ е Борис Џонсон.

„УЕФА го гледа Џонсон како спасител на европскиот фудбал. Не е изненадување подарениот пенал за Англија, со кој ја победија Данска. Италија треба да внимава во финалето на Вембли. Одлуката на холандскиот судија да досуди пенал за нив е трагична. На Англија воопшто не ѝ беше потребна помош. Данците кои имаа голем малер со тоа што му се случи на Кристијан Ериксен, доживеаја нова трагедија на ЕП. Тие се морални победници и заслужуваат аплауз“, пишуваат новинарите на „Газета дело спорт“.

Италија ќе биде ривалот на Англија во мечот за европската круна на 11. јули на „Вембли“ во Лондон. Аѕурите ќе бијат битка за втората титула, а Англија ќе се обиде да стигне до првиот пехар на Европските првенства.

 

- Оглас -

Најнови вести