ПСЖ не се шегува, на ред е Погба, а и Роналдо е во игра

Пари Сен Жермен е многу активен на трансфер-пазарот и веќе ангажира неколку суперквалитетни засилувања, денеска потпиша двегодишен договор со Серхио Рамос, а се најавува и трансфер на Пол Погба.

Францускиот репрезентативец ја одработува последната година од договорот со Манчестер јунајтед и според „Л’Екип“, постои голема шанса да се врати во својата земја и да игра за Пари Сен Жермен.

Манчестер јунајтед бара околу 80 милиони евра отштета за Погба и е подготвен за таа сума да го ослободи играчот за врска. Погба сака да игра за ПСЖ, особено по ангажманот на неколку светски ѕвезди, па сега останува само двата клуба да се договорат за евентуалната отштета.

„Л’Екип“ најави сензационален трансфер и на Кристијано Роналдо, но таа варијанта ќе биде потешка за ПСЖ. Португалецот најави дека сака да остане во Јувентус, но проблем при преговорите со Старата дама е високата годишна плата од 31 милион евра.

- Оглас -

Најнови вести