Кјелини го објасни своето однесување кон Алба при потфрлањето на паричката (Видео)

Однесувањето на капитенот на италијанската репрезентација, Џорџо Кјелини, предизвика многу различни коментари кај навивачите низ светот. За некои тоа беше смешно, некои го навредуваа Кјелини дека земал „нешто“, но сите се согласуваат дека беше необично.

Кјелини сакаше да покаже релаксираност во тие напнати моменти, но на моменти претера.

„Мислам дека не беше толку голема работата како што се претставува. При потфрлањето на паричката, таа падна на црвената страна, а Алба мислеше дека победил, но не беше така, сината страна беше негова. Јас почнав да се шегувам со него и со насмевка му велев дека е лажливец“, вели Кјелини, кој призна дека бил очаен кога Локатели го утна првиот пенал, но потоа му дојде срцето на место и Италија преку пенали дојде до финалето против Англија.

https://www.youtube.com/watch?v=czpXdnPi_38

- Оглас -

Најнови вести