Матео Беретини го совлада Хуберт Хуркач во првото полуфинале на Вимблдон со победа по четири сета при 6-3, 6-0 и 6-7, 6-4. Моментално деветтиот најдобар тенисер во светот првпат во кариерата ќе се бори за гренслем титула, а доколку сè оди според планот, Италијанецот во финалето ќе се сретне против бранителот и прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ, кој подоцна игра против Денис Шаповалов.
Беретини го појача темпото по првите шест гема при резултат од 3-3, па со два брејка го освои првиот сет, а за помалку од половина час игра го освои и вториот сет и поведе со 2-0. Хуркач даде повеќе отпор во третиот сет и успеа да изнуди тајбрејк преку кој намали на 2-1, но тоа беше максимумот од Полјакот, откако му дозволи на Беретини да направи брејк на стартот од сетот и рутински да го обезбеди пласманот во своето прво гренслем-финале.
Првпат во историјата на Вимблдон италијански тенисер ќе се бори за титулата.
Второто полуфинале, Ѓоковиќ против Шаповалов, е закажано за 17:30 часот.