Дастин Појре славеше победа над Конор Мекгрегор и во третата меѓусебна борба на УФЦ 264 настанот, втора по шест месеци пауза. Американецот ја заврши работата по само една рунда со технички нокаут, односно докторите ја прекинаа борбата откако Мекгрегор сам си ја скрши ногата и не можеше да продолжи да се бори.
Ирецот промаши удар со левата нога па во моментот сакаше да направи чекор наназад, лошо нагази и го скрши зглобот. Мекгрегор не можеше да се помири дека на ваков начин ја загуби битката и изјави дека ништо не е готово, па најави нова пресметка во иднина.