Англија после само 117 секунди игра ја матираше италијанската одбрана, и води со 1-0 во финалето на ЕВРО 2020. Големата радост на „Вембли“ ја донесе левиот бек Лук Шо, по асистенција на Киран Трипие.
Ова е најбрз гол во историјата на финалињата на европските првенства, и прв погодок на Шо во неговата репрезентативна кариера.