На 11 јули 2018 година, Англија водеше со 1-0, а беше елиминирана од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Русија. Вечерва, на истиот датум, точно три години по тој меч, Англија играше финале на ЕП, и повторно пораз, овојпат на пенали и тоа дома во Лондон.
Италија не ни играше на Мундијалот во 2018 година и затоа ова што го направи селекторот Роберто Манчини за три години, е мало фудбалско чудо.