Англискиот шампион во женска конкуренција Челзи е блиску да го комплетира трансферот на Лорен Џејмс од Манчестер јунајтед. Најдобрата млада фудбалерка на Островот од сезоната 2019/20 се сели во клубот чиишто бои веќе брани нејзиниот постар брат, Рис Џејмс.
Според англиските медиуми, 19-годишната Лорен веќе ги изврши медицинските прегледи во пресрет на нејзиниот трансфер во Лондон, останува уште оперативците на Сините да изготват договор по нејзина мерка. Се верува дека овој трансфер ќе биде рекорден во женската Премиер лига, но сумата засега не е обелоденета.
Инаку, Лорен кариерата ја започна во редовите на Арсенал, од летото 2018 година им се приклучи на Црвените ѓаволи, па нејзините добри партии ѝ обезбедија трансфер во редовите актуелниот англиски првак во женска конкуренција и моментален европски вицепрвак.