Мурињо: Франција беше најдобар тим на ЕВРО 2020

Жозе Мурињо смета дека финалистите Италија и Англија не се најсилните репрезентации во Европа, туку дека тим број 1 според квалитетот е Франција, но Французите со испаѓањето во осминафиналето на пенали од Швајцарија го платиле цехот на својата арогантност.

„Франција има неверојатен потенцијал, неспоредливо поголем од кој било друг тим. Тие се подобри од Италија и Англија, но беа казнети за нивната ароганција. Заслужија таква казна. Мечот со Швајцарија го почнаа со покажување на ароганција. Само некој што не ни помислува на продолженија, може да го замени Гриезман со Сисоко. Французите може да си се обвинуваат само себеси, тие беа најдобар тим на ЕВРО 2020“, анализира Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести