Македонската кошаркарска репрезентација денеска се упати кон Маврово, каде што ќе продолжи со подготовките за претквалификацискиот турнир за Светското првенство 2023 година. Сениорите предводени од новиот селектор Драган Бајиќ во следните седум дена ќе работат под падините на Бистра, пред да се вратат во главниот град.
На списокот репрезентативци кои отпатуваа за Маврово се најдоа:
Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ, Горјан Марковски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Лејсон Зекири, Валмир Какруки, Андреј Настовски, Оливер Двојковски и Теодор Симиќ.
Македонија се подготвува за турнирот кој е закажан за 12 до 18 август, а противници ѝ ќе бидат селекциите на Словачка и на Швајцарија. Првопласираните две селекции на турнирот во Скопје ќе се пласираат во главните квалификации за пласман на Мундобаскетот 2023 година.