Неверојатно: ПСЖ може да состави цел тим само од голмани

Џанлуиџи Донарума од вчера е нов член на францускиот Пари Сен Жермен. Голманот во ПСЖ дојде како слободен играч откако летово му истече договорот со Милан. Според потписот, Донарума во ПСЖ ќе остане до 2026 година.

Италијанскиот чувар на мрежата имаше блескав настап на Европското првенство, каде што ја доби наградата за најдобар играч на континенталниот турнир. Донарума беше херојот на Италија во финалето против Англија, кога прими само два гола од пет шута од белата точка во пенал-рулетот.

Донарума треба да биде прв голман на ПСЖ, а досегашната „единица“, Кејлор Навас, ќе биде седнат на клупата. Донарума и Навас не се единствените двајца голмани во ПСЖ. Делува неверојатно, но ПСЖ има договор со уште седум голмани. Тука се Серхио Рико, како и Алфонсо Ареола, кој летово се врати од позајмица од Фулам.

На листата на голмани на ПСЖ ги има имињата и на: Маркин Булка, Александер Летеље, Гарисон Иносент и Денис Франчи. Тоа се вкупно девет голмани кои се на листата на ПСЖ. До крајот на летниот преоден рок, неколку од овие голмански имиња сигурно ќе заминат од ПСЖ, но факт е дека сега Светците едноставно може речиси и да состават цел тим само од голмани.

 

- Оглас -

Најнови вести