Поради корона-вирусот, Американците останаа без една голема ѕвезда на ЛОИ во Токио

Американската кошаркарска репрезентација непосредно пред стартот на Олимписките игри во Токио остана без еден од своите главни играчи. Бредли Бел ќе го пропушти олимпискиот турнир откако се потврди дека е позитивен на корона-вирусот.

Ова е голем удар за американската репрезентација затоа што Бел беше стартер на сите три контролни меча и се очекуваше да биде еден од главните во нападот на ЛОИ. Бел имаше одлична сезона во дресот на Вашингтон и сезоната ја заврши како втор стрелец во лигата.

Се очекува на местото на Бел, во стартниот тим на САД сега да биде вметнат Зак Лавин. На местото на Бел, во составот на САД се очекува како 12-ти играч да биде повикана младата ѕвезда на Атланта, Тре Јанг.

 

- Оглас -

Најнови вести