Најави блескава кариера, но го уништија повредите и денеска се прости од фудбалот

Езекиел Гарај објави денеска дека ја завршува фудбалската кариера, во која имаше и премногу проблеми со повредите. Последната му беше во февруари лани, кога ги скина лигаментите на десното колено како играч на Валенсија.

Гарај беше многу талентиран фудбалер, на почетокот на кариерата блесна во дресот на Аргентина на младинското Светско првенство во Холандија за играчи до 20 години, кога заедно со Меси, Агуеро, Гаго… станаа светски прваци на Мундијалот во Холандија во 2005 година.

Гарај играше за неколку познати клубови, меѓу кои и за Реал Мадрид, Бенфика, Валенсија и Зенит. Кариерата ја почна во аргентинскиот Њуелс олд бојс, а настапуваше и за Расинг Сантандер.

За репрезентацијата на Аргентина, 34-годишниот дефанзивец одигра 32 натпревари.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести