Ако сака Милвоки да има шампионска шанса мора да победи на теренот каде што не се радувал четири години!

Феникс санс и Милвоки бакс со по две победи на своето конто го очекуваат вечерашниот петти меч од финалната серија во НБА лигата. Сонцата одлично го отоврија финалето и со два триумфи на свој терен стигнаа до 2:0 во победи, но Милвоки не се предаде.

Кога финалната серија се префрли на теренот на Милвоки, домаќините беа сигурни и ги добија двата меча, враќајќи ја неизвесноста. Петиот меч сега повторно се игра на теренот на Феникс, а според коефициентите во Sport Life, фаворитската улога е на страната на Сонцата.

Не само што ги доби двата финални меча на свој терен, Феникс го победуваше Милвоки и во последните три лигашки дуели. Милвоки последен пат славел на теренот на Феникс во ноември 2017 година и тоа по продолжение од пет минути.

 

 

- Оглас -

Најнови вести