Дури 22 пати мораше да ја гледа снимката за да реши дали е пенал (Видео)

Спартак Суботица и Раднички Ниш одиграа 1:1 во првото коло од новото првенство во Србија. Од оваа сезона, во Србија е воведен ВАР системот на сите мечеви, а мечот во Суботица имаше големо влијание од ВАР собата.

Најпрво во првото полувреме им беше поништен погодок на гостите поради игра со рака, а потоа во вториот дел ВАР системот покажа дека има два пенали. Првито пенал беше во корист на Раднички. Главниот судија Миланковиќ имаше голема дилема дали има простор за удар од белата точка во 60 минута, па дури 22 пати мораше да ја гледа повторената снимка, за да на крајот биде досуден пенал.

Во 82 минута повторно мораше да се интервенира од ВАР собата, а овојпат беше досуден пенал за домаќините кои израмнија на 1:1, резултат кој немаше промена до крајот.

Спорните ситуации од овој меч може да ги видите на видеото по 2:15 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести