Невиден хаос во Либертадорес: Атлетико ја елиминира Бока, играчите се тепаа со обезбедувањето, влегоа и во противничката соблекувална (видео)

Бока јуниорс претрпе елиминација од Атлетико Минеиро во осминафиналето на Копа Либертадорес откако домаќините го добија пенал-рулетот во реваншот со 3-1.

Драмата се случи по завршувањето на мечот, кога незадоволните фудбалери на Бока потпаднаа на провокациите и одлучија физички да се пресметаат со обезбедувањето во тунелот. Хаосот продолжи и во останатите простории од стадионот, играчите на аргентинскиот гигант сакаа да се пресметаат и со фудбалерите на Атлетико, па се обидоа да влезат во нивната соблекувална.

https://twitter.com/angilerista3/status/1417651489233850424

Полицијата мораше да интервенира бидејќи имаше повредени меѓу играчите, настрада 18-годишното момче на Атлетико Савињо. Засега е непознато дали има уапсени бидејќи на тимот на Бока не му беше дозволено да замине по инцидентите сè додека не се проверат сите снимки со цел да се најдат виновниците кои го започнаа хаосот.

Наводно полицијата сакаше да уапси најмалку двајца играчи на Бока, станува збор за Карлос Забрано и Себастијан Вилја.

- Оглас -

Најнови вести