Најава за новата сезона во Ла Лига – Шпанските октоподи бранеа импресивно, Србин ја има најдобрата одбрана

Марко Дмитровиќ ја има најдобрата одбрана во ланското првенство во Шпанија, а српскиот дуел со Урош Рачиќ го реши во своја корист со перфектна интервенција.

Димитровиќ лани бранеше за Еибар и на дуелот со Валенсија ја скроти бомбата на својот сонародник Рачиќ, па го заслужи бројот 1 во Топ-10 најдобри одбрани во Ла Лига.

Марко има уште една интервенција во Топ-10, одбраната во дуелот со Карим Бензема, а еднаков број перфектни одбрани има и Марк-Андре тер Штеген од Барселона.

Тука се и Куртоа, Облак, Боно, Браво и уште неколку голмани во Шпанија со фантастични реакции и одбрани.

Погледнете го Топ-10 на шпанските октоподи во ланското издание на Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести