НБА ѕвездите на тренинг се скараа за една топка, а потoа страстите зовреа (Видео)

Кошаркарската репрезентација на САД е главен фаворит за златниот медал на Олимписките игри во Токио, но според тоа што се случува во последниве две недели, не дава голем оптимизам. Американците загубија два пати во подготвителните мечеви, а сега, непосредно пред почетокот на мечевите на Игрите, двајца кошаркари за банална причина се скараа на тренинг.

Бем Адебајо ја зема топката со која претходно тројка погоди Кевин Дурант. Адебајо ја прифати топката под кошот и наместод а му ја додаде на играчот на Бруклин, тргна самиот да шутира. Тогаш се случи и проблемот, што го забележа и видео камерата.

Дурант му приговори на Адебајо, а Бем со насмевка само му рече дека неговата топка ја земал Лилард. Сепак Дурант инсистираше дека неговата топка е во рацете на играчот на Мајами и побара да му биде вратена.

Откако се очекуваше овој мини инцидент да биде заборавен, Дурант ги запали страстите преку социјалните мрежи.

„Фраерот виде дека погодив тројка и ја зема топката која јас ја имав обележано. Брате, мораш да се научиш да почитуваш некои работи“, беше пораката од Дурант за Адебајо.

Адебајо не остана должен на Дурант и му одговори. „Престани да лажеш. Виде дека Лилард ја зема твојата топка. Само се поставуваш како да сум ти помлад брат“, одговори Бем, со покажување на среден прст.

На крајот со порака се јави и Лилард, кој побара од двајцата соиграчи да не го мешаат во нивната караница.

Американците во првото коло од кошаркарскиот турнир на Игрите ќе игра против селекцијата на Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести