Олимписките игри во Токио свечено беа отворени денеска, а илјадници спортисти продефилираа на стадионот на кој беше запален оганот што во следните 18 дена ќе гори во знак на најголемото спортско натпреварување.
На стадионот немаше публика, како што ќе нема на ниту еден стадион, сала или борилиште и тоа се е поради засилените мерки поради Коронавирусот. За време на дефилето на сите земји, само спортистите од две земји не носеа маски на претставувањето.
Малубројните претставници на Таџикистан и Киргистан беа без маски на лицето, што е до некаде според сфаќањата и политиките на овие земји кога се работи за Коронавирусот. Спортистите од Таџикистан беа само две позиции пред спортистите на Чешка во чии редови беа потврдени позитивни случаи на шестмина учесници на ЛОИ.
Another team with no masks. Also from the Stans! #Tajikistan #Tokyo2020 pic.twitter.com/i9TRVfWv54
— Glen Blogger (@EscapeManila) July 23, 2021
Бројките со заразени од Коронавирусот во Таџикистан се алармантни, тамошните власти тоа го негираат. Претседателот во оваа земја вели дека од опасниот вирус умреле само 90 луѓе, но некои други статистики велат дека од Коронавиирусот во Таџикистан досега починале 8.649 луѓе.
Олимписките игри од денеска и официјално се отоворени, па останува што е можно помал број на проблеми со опасниот вирус.