Филип Деркоски исплива со време 4:03:34 минути на патеката 400 метри слободен стил на Олимписките игри во Токио, што е негов најдобар резултат во 2021 година.
И покрај тоа што е личен рекорд за оваа година и подобро време од 76 стотинки од тоа со кое беше пријавен за Игрите, Деркоски заврши како последен во својата квалификациска група.
Деркоски е вториот македонски олимпиец кој настапи на Игрите во Токио. Утрово, Борјан Бранковски, не обезбеди пласман во финалето во 10 метри со воздушен пиштол откако квалификациите ги заврши под 20-тото место со 573 поени и просечна прецизност од 9,55.
Резултатот на Бранковски беше нов национален рекорд.