Инцидент во Токио, Аргентинец со палка намерно удри по глава Шпанец на меч во хокеј (Фото)

Аргентинскиот репрезентативец во хокеј, Лукас Роси, засега го има епитетот најнеспортист на Летните олиписки игри во Токио, откако на мечот со Шпанија, со палката намерно го удри Давид Алегре, и предизвика инцидент.

Во финишот на средбата, Алегре лежеше на земја бидејќи имаше грчеви во нозете, еден друг аргентински играч му помагаше, и тогаш пријде Роси, и со палката го „поткачи“ Шпанецот. Настана мешаница, но судијата брзо ги смири играчите.

Мечот заврши со резултат 1-1.

- Оглас -

Најнови вести