Американскиот боксер Деланте Џонсон треба да им се заблагодари на судиите кои му доделија победа на поени против Аргентинецот Брајан Ареги, и му помогнаа да се пласира во осминафиналето во велтер категорија на олимпискиот турнир во Токио.
Ареги беше многу поактивен, во втората рунда дури и го испрати Џонсон на подот од рингот, но и покрај тоа што Американецот беше во нокдаун, сепак арбитрите пресудија во негова полза.