Како од бајка: Едвај се пласираше во финалето, а на крајот стана олимписки првак

Ахмед Хафнауи ја испиша една од најголемите пливачки сензации во историјата на Олимписките игри, откако успеа да го освои златото на патеката од 400 метри слободен стил. Неверојатниот 18-годишен пливач од Тунис ги победи фаворизираните Американци кои завршија на второто и третото место.

За тоа колкаво изненадување е победата на Хафнауи покажува и фактот дека во финалето пливаше во најтешката, осма патека, која е за пливачот кој имал најслабо време. И во текот на финалната трка, Хафнауи постијано беше во заостанување, но со неверојатно пливање во последните 50 метри успеа да ги помине најдобрите.

https://twitter.com/i/status/1419121779579269120

На крајот, Хафнауи заврши со време од 3:43.36 минути, време кое е речиси две и пол секунди побрзо од тоа што пливаше во квалификациите. Тој е само треиот пливач во историјата на ЛОИ кој успеал да стигне до златен медал, а стартувал од осмата патека.

Во пливачките дисциплини беше поставен и првиот светски рекорд и тоа од женската штафета на Австралија во трката 4 по 400 метри. Новото најдобро светско време на оваа патека е 3:29.69 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести