Луд меч: На полувреме беше 0:0, во вториот дел три пати губеа, а на крајот победија

Во еден неверојатен меч, Франција со 4:3 ја победи Јужна Африка, во меч од второто коло на фудбалскиот турнир на ЛОИ. Мечот по првото полувреме воопшто не најавуваше дека ќе иам драма, затоа што по првите 45 минути резултатот беше 0:0.

Јужноафриканците имаа можност да поведат, но промашија пенал во 41 минута, за да сепак во 53 минута стигнат до предност од 1:0. Французите брзо изрмнија, а потоа гледавме исто сценарио уште два пати. Јужна Африка поведе со 2:1, Франција брзо израмни, а потоа повторно Јужноафриканците дадоа гол за 3:2, а само четири минути подоцна Гласките петли израмнија на 3:3 во 85 минута.

Тука не беше крајот на возбудувањата, затоа што Франција тргна во офанзива да даде и четврти гол, па на крајот се радуваше. Саванер погоди во 90+2 минута за неверојатен пресврт и победа на Франција од 4:3.

Аргентинците се израдуваа на првата победа и тоа минимална против Египет, благодарение на голот на Медина во 52 минута. Во меч полн со голови, Хондурас со 3:2 го победи Нов Зеланд. И на овој меч бепе слично како на Франција – Јужна Африка затоа што Нов Зеланд два пати водеше, а на крајот загуби.

 

- Оглас -

Најнови вести