Во уличен скејтбординг, на Олимписките игри во Токио медалите ги освоија тинејџерки. Веројатно во ниту еден друг од 50-те спорта нема да се повтори овој куриозитет.
Златото го освои 13-годишната Јапонка Нишија Момиџи, нејзината врсничка од Бразил, Рајса Леал освои сребро, а трета беше Накајама Фуна од Јапонија, која е „ветеранка“ со 16 години.
Бразилката Леал со 13 години и 203 дена е најмлада освојувачка на олимписки медал од 1936 година наваму.