Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, без поголеми проблеми се најде во осминфиналето на олимпискиот турнир во Токио. Тој во 16-финалето беше подобар од Германецот Јан Ленард Штруф (48-ми на АТП листата) со 6-4, 6-3.
Ѓоковиќ во првиот сет направи брејк во десеттиот гејм, а вториот сет почна поинтересно бидејќи двајцата правеа брејкови, но потоа го стабилизираа сервисот и големиот фаворит го доби сетот со 6-3.
Следен противник на Ѓоковиќ е Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина.