Контроверзниот руски пливач Кирил Пригода најпрвин го привлече вниманието откако се жалеше на малата величина на креветите на кои спијат спортистите во олимпиското село во Токио, а потоа предизвика голем скандал откако објави снимка на која покажа како мами на тестирање за ковид-19.
Спортистите секојдневно се тестирани, а Пригода пред тестот во носот си вбризгал течност за дезинфекција (Мирамистин) и со тоа тестот го направи негативен.
„Шегата беше глупава, темата не е смешна, а јас предоцна го сфатив тоа. Сакам да им се извинам на сите од олимпискиот тим и лидерите на федерацијата за видеото. Ги почитувам и ги поддржувам сите антиковид правила“, вели Кирил, кој на 100 метри градно не влезе во финалето, а ќе се обиде да се поправи на 200 метри во истата дисциплина.