Руската гимнастичарска селекција го освои златото на ЛОИ во Токио, додека првиот фаворит САД заврши на второто место. Клучен момент на финалето беше неочекуваното повлекување од натпреварите на најдобрата светска гимнастичарка Симоне Билс.
Simone Biles has withdrawn from the women's team gymnastic final event, according to USA Gymnastics https://t.co/yEx00qNVWa pic.twitter.com/kZKLTqLylp
— CNN (@CNN) July 27, 2021
Американката се повлече по првата рунда од финалето, па Русинките ја искористија шансата да стигнат до златото за првпат по 10 години. На Игрите во Рио де Жанеиро Билс имаше освоено четири златни медали и еден бронзен, беше една од главните ѕвезди на ЛОИ во Токио, но мораше да се повлече, како што се вели, поради „медицински проблеми“.
„Таа е човечко суштество, чувствува болка како и сите ние. Кога ја видов со докторите, срцето ми застана. Навистина бев шокирана“, рече нејзината колешка од репрезентацијата Али Рејсман.
На крајот, Русија го освои златот, среброто заврши на градите на Американките, а бронзата ја освои Велика Британија. За Британија ова е прв медал на ЛОИ во гимнастика, по дури 93 години.