Новак Ѓоковиќ беше дел од групата српски спортисти кои групно го гледаа финалето во таеквондо во женска конкуренција, во кое Милица Мандиќ освои златен медал, прв за Србија на ЛОИ во Токио. Најпопуларниот спортист на ЛОИ со кого сите сакаат да се сликаат, барем така вели кошаркарот Лука Дончиќ, „грмеше“ откако заврши борбата во која Мандиќ по вторпат во кариерата се закити со олимписко злато.
Таеквондото донесе голема радост и во Македонија благодарение на пласманот во финалето на Дејан Георгиевски, кој го освои првото сребро за Македонија во историјата.
Milica’s #gold moment.. unforgettable #SRB #Tokyo2020 #идемооо pic.twitter.com/qyInddound
— Novak Djokovic (@DjokerNole) July 27, 2021