Шпанија и Аргентина ќе играат во дербито на третото коло од фудбалскиот турнир на ЛОИ. Шпанците се први со четири бода, додека Австралија и Аргентина имаат по три бода, но Кенгурите го добија меѓусебниот дуел и затоа се втори. Египет има еден бод и само теоретски шанси за второто место.
На Црвената фурија доволно ќе ѝ биде и нерешено за да помине во следната фаза, додека Аргентина со еден бод може да извиси. Според фудбалерите со коишто располагаат, Шпанија е фаворит за победа, но никогаш не треба да се отпише јужноамериканскиот гигант.
Австралија со победа над Египет е сигурен патник понатаму, а зависно резултатот на дербито, Кенгурите може да бидат втори дури и со реми.
Тоа што е интересно е дека ниту една селекција во четирите групи нема сигурен пласман во нокаут-фазата, па сите осум средби коишто се играат денеска ќе бидат многу интересни:
ДВОЈКИ ЗА ТРЕТОТО КОЛО
Германија – Брегот на Слоновата Коска (10 ч.)
Саудиска Арабија – Бразил (10 ч.)
Јужна Кореја – Хондурас (10:30 ч.)
Романија – Нов Зеланд (10:30 ч.)
Австралија – Египет (13 ч.)
Шпанија – Аргентина (13 ч.)
Франција – Јапонија (13 ч.)
Јужна Африка – Мексико (13 ч.)