Новак Ѓоковиќ продолжува во походот за освојување на златниот медал на тенискиот турнир на Олимписките игри откако со 6:3 6:1 го победи Алехандро Давидович-Фотина од Шпанија. Ноле против Шпанецот играше и пред два месеца, кога загуби само три гејма во убедливата победа, па јасно беше дека и денеска не треба да има изненадување.
Во првиот сет, на Ѓоковиќ доволно му беше да направи еден брејк. При водство од 2:1 го доби сервисот на Шпанецот, а потоа рутински го одработи сетот за 6:3.
Најголем проблем за Ѓоковиќ на овој меч беше пеколното време. Во Токио временските услови се немилосрдни за тенисерите. Русинот Данил Медведев мораше да бара медицински тајмаут поради жештината, а потоа го праша судијата кој ќе биде виновен ако тенисерот умре на теренот.
Најголемото изненадување во осминафиналето е испаѓањето на Гркот Циципас, кој се повреди за време на мечот и едноставно немаше сила да победи.
На женскиот дел од турнирот беше уште подраматично затоа што Паула Бадоса од Шпанија доживеа топлотен удар и не само што не можеше да го доигра мечот, туку во количка мораше да го напушти теренот.