Нерешениот резултат од 1-1 помеѓу Шпанија и Аргентина значеше елиминација на Гаучосите од олимпискиот турнир во фудбал во машка конкуренција бидејќи Египет извојува неочекувана победа од 2-0 против Австралија, па освен Шпанците, кои се главни фаворити за златото, во четвртфинале одат и Фараоните.
Микел Мерино го даде голот на Шпанија, а Аргентинците изедначија во финишот (87-ма минута) со гол на Томас Белмонте. Ако Аргентинците дадеа уште еден гол и победеа со 2-1, Шпанија не само што немаше да биде прва во групата, туку ќе беше и елиминирана, што ќе претставуваше голем шок за тимот кој има доста ѕвезди во своите редови.