Машката кошаркарска репрезентација на Франција убедливо ја надигра и ја победи Чешка со 97-77 и потврди дека е еден од кандидатите за медал, можеби и златото на олимпискиот турнир. Откако ги поразија и главните фаворити Американците, Французите денеска беа доминатни против незгодните Чеси, со што си го обезбедија четвртфиналето и првото место во групата.
Еван Фурние со 21 поен, и Нандо де Коло со 17 поени и 8 асистенции беа предводници на француската селекција, која во третото коло треба да се сретне со аутсајдерот Иран, по што ќе го чека расплетот во другите групи за да дознае со кого ќе игра во четвртфиналето.