Прославениот американски кошаркарски тренер Грег Попович има потекло од поранешните југословенски простори и по таткова и по мајчина страна. Србите го сметаат за свој, тоа важи и за Хрватите, но според едно истражување на порталот „Порекло“, овие верзии не се најточни.
Мајката на Поповиќ потекнува од Црна Гора, и тоа од истото племе од кое е и најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ. Ноле е од огранокот Драгојевиќ, па на некој начин може да се заклучи дека тие се далечни роднини.
Таткото на Грег, Рејмонд (роден како Радован), е роден во 1918 година и негови родители биле Србин од Црна Гора и мајка Полјачка. Дедото на Грег Попович се викал Данило, а баба му Мери. Данило стигнал во САД во 1910 или 1911 година. Нема дилеми дека мајката на Грег, Дороти (по српски Дара или Даринка), потекнува од племето Озриниќ, а нејзиното моминско презиме е Машуловиќ. Досега се мислеше дека мајката на кошаркарскиот тренер и селектор на САД се вика Катерина и дека е од Хрватска.
Дедото на Грег по мајка, Милош Машуловиќ, во САД дошол во 1914 година, а во доселеничките документи стои дека тој потекнува од селото Праг кај Никшиќ.
Доколку ве интересира целата историја и истражувањето, може да прочитате на сајтот Порекло.