Давор Шукер повеќе не е претседател на ХНС

По девет години поминати на чело на Хрватската фудбалска федерација (ХНС), Давод Шукер денеска беше сменет. На седницата на Собранието на ХНС, Шукер беше сменет, а за негов наследник беше наименуван Маријан Кустиќ, кој досега беше Извршен директор на Сојузот.

„Сакам одговорна и конструктивна соработка со клубовите и сакам да направиме развој на хрватскиот фудбал во период од 2022 до 2026 година“, беше дел до изјавата која ја даде новиот претседател на ХНС. Кустиќ најави дека ќе се работи на подобрување на инфраструктурата и дека долго време е во фудбалот и точно знае кои се најважните работи кои треба да се направат.

 

- Оглас -

Најнови вести