Роберто Солдадо, шпанскиот ветеран и некогашен играч на Реал Мадрид и Тотенхем, за момент заборави дека дуелот против Вилјареал e од пријателски карактер, па со остар старт и отворена копачка од позади го удри Куенка директно во листот од десната нога.
Новиот соиграч на Енис Барди иако има големо интернационално искуство, на 36 години постапи доста неспортски и можеше да му нанесе сериозна повреда на дефанзивецот на Жолтата подморница.