Камерманите кои се испратени да ги снимаат натпреварите во скокање на трамболина на ЛОИ во Токио, имаат тешка задача. Доказ е една снимка која стана хит по социјалните мрежи, а на која се гледа како снимателот мора цело време да ја движи камерата горе-долу, додека спортистот се одбива од трамболината и лета високо во воздух.
Скокањето на трамболина веќе 20 години е олимписки спорт.
Погледнете како изгледа кога треба да се снима скокање на трамболина:
It’s tough being a cameraman for the Olympics trampoline pic.twitter.com/iW7jV2rINQ
— Stig Abell (@StigAbell) July 30, 2021