Елмас стартер против Баерн, го одигра целото прво полувреме на „Алијанц арената“

Баерн Минхен и Наполи не постигнаа гол во првото полувреме на пријателскиот меч на „Алијанц арената“ во Минхен, а Елиф Елмас е стартер во италијанскиот тим и ги одигра воведните 45 минути.

Уште вчера беше најавено дека македонскиот дијамант ќе биде меѓу првите 11 за оваа контрола, и се покажа дека Лучано Спалети не се премислил и има доверба во младиот Елмас.

Денешниот пријателски меч не почна добро за германскиот гигант, уште во 8-ма минута се повреди Коман, и Французинот мораше да го напушти теренот.

- Оглас -

Најнови вести